По 3,5 години затвор за Аљими и Гури, кривичниот суд ги објави пресудите за Титаник 3

Паднаа првите пресуди против функционери од ДУИ за уништување на изборен материјал..

Кривичниот суд изрече по три години и шест месеци затворска казна за обвинетите во Титаник 3 Ејуп Аљими и Исмет Гури.

Пратеникот од ДУИ во распуштениот собраниски состав Ејуп Аљими денеска не дојде да ја слушне пресудата на скопска единица.

Судот ги прогласи за виновни Аљими и Гури дека уништувале изборни материјали на локалните избори во 2013 година во Чаир. Тие ги преправале точните резултати на гласовите, па така за ДУИ конечните резултати растеле, на ДПА и на ВМРО ДПМНЕ се намалувале. Овие резултати биле пратени во Државната изборна комисија со цел да станат конечни, но не им успеало.

Судењето за предметот траеше околу две години. На пултот за сведоци застанаа над 30 луѓе. Судскиот процес беше враќан и на почеток. Прво се смени главната судијка Оља Ристова, а пресудата ја донесе водечкиот судија Марија Клетничка. Првично обвинението беше застапувано од СЈО од обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевки, а по згаснувањето на СЈО, предметот прогдолжи во рамките на републичкото обвинителство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top