По Брекзитот, Бугарија и уште седум земји ќе ставаат повеќе пари во касата на ЕУ

Со излегувањето на Велика Британија од ЕУ во март 2019 година Брисел ќе остане без 12 милијарди евра во годишниот буџет..

Осум источноевропски членки на ЕУ се согласија да ги зголемат уплатите во буџетот на Унијата за 1,1 отсто, откако Велика Британија, која значително придонесуваше за европскиот буџет, ја напушти ЕУ, изјави Јанос Лазар, шеф на Кабинетот на украинскиот премиер Виктор Орбан.

Министри и други претставници на Хрватска, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Бугарија и Романија разговараа во Будимпешта со комесарот за буџет на ЕУ Гинтер Отингер за наредниот европски буџет.

- Осум земји се согласија да издвојат повеќе од својот пропорционален бруто домашен приход во европскиот буџет и тоа е еден од поуспешните потези. Осум земји ја отворија можноста да ја зголемат уплатата до дури 1,1 отсто, рече Лазар.

Со излегувањето на Велика Британија од ЕУ во март 2019 година Брисел ќе остане без 12 милијарди евра во годишниот буџет, кој моментално изнесува околу 140 милијарди евра.

Поранешните комунистички земји од источниот дел на Европа се главно нето приматели на фондови од ЕУ и загрижени се дали ќе останат со помалку пари поради помалиот буџет на Унијата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top