По десет години во Мадрид: Пепе жестоко удри по навивачите на Реал

Португалскиот репрезентативец Пепе брзо го заборави десетгодишниот престој во Мадрид и жестоко удри по навивачите на Реал..

Иако додека беше член на “кралскиот клуб” имаше огромна поддршка од фановите на клубот, искусниот стопер ги искритикува по трансферот во Бешикташ.

“Навивачите на Бешикташ се фантастични. Тие на Реал никогаш не беа толку страствени. Овде во Турција фудбалерите се многу мотивирани, во Реал моравме сами да се мотивираме бидејќи навивачите не ни го дозволуваа тоа”, изјави Пепе.

За десет години во Реал, тој освои се што можеше да се освои, одигра 229 натпревари, но често беше критикуван поради грубиот начин на игра.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top