По две години блокада, постигнат договор за нов државен ревизор

Економистот Максим Ацевски е предложен за нов главен државен ревзиор..

По двегодишна блокада политичките партии постигнаа договор за оваа важна институција. Одлуката беше едногласно ја донесе Комисијата за избори и именувања, а Собранието треба да ја усвои на пленарна седница.

Комисијата го одби барањето за апанажа на поранешната специјална обвинителка Катица јанева со образложение дека не постојат причини за прифаќање на барањето затоа што не е избрана од Собранието, туку до Советот на обвинители. Претседателот на комисијата Димовски побара Јанева да ја испочитува граѓанско правната обврска и јавно да каже за сценариот на СЈО со кое бииле уценувани политичари од Вмро Дпмне, на што реагираше неговата сопартијка Даниела Рангелова.

Комисијата избра и директори и членови на голем број агенции и комисии. Имер Алиу ќе биде нов  директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци, Пламенка Бојчева ќе раководи со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации а Агим Рушити со Агенцијата за квалитет на високото образование.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top