По изборите ДУИ ќе биде опозиција – промените на Косово ќе се пресликаат и во Македонија

По следните избори ДУИ ќе биде опозиција – промените на Косово ќе се пресликаат и во Македонија..

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари е уверен дека расположението кај електоратот е променето, дека, како што вели, е крајно време да бидат казнети корупцијата и беззаконието кои владеат овде.

Демократија е кога имаш промена. Албанците во Македонија се во едно партиски систем. 18 години се раководени од една партија. Пролетта почна наесен на Косово, ќе продолжи идната пролет или наесен и во Македонија и тоа исто ќе се рефлектира и во Албанија, изјави генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

За прв пат од независноста на чело на Косово ќе застанат луѓе кои не биле припадници на УЧК. Тоа, смета Таравари, покажува дека на граѓаните им е смачено од празни зборови и оти повеќе не сакаат да гледаат во минатото туку во иднината и во просперитетот.

Албанците во регионот имаат потреба од луѓе кои имаат идеја, кои го сакаат доброто на граѓаните кои живеат на овие простори, вели Таравари.

Дел од албанските интелектуалци од Македонија уште пред десетина дена излегоа со став дека промените ќе започнат од Косово, а потоа ќе се пресликаат и во Македонија. Порачаа дека победата на ‘Самоопределување’ ќе биде прв чекор кон разбивање на карциномот кој го разградува општеството.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top