По политичката пресуда, пратеничкиот имунитет на Груевски стигна до Комисија

Претседателот на парламентот, Талат Џафери, до претседателот на Комисијата за мандатни и имунитети прашања го достави барање испратено од судот за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски..

Комисијата треба да одлучи дали Груевски нема да може да ја извршува функцијата пратеник по одлуката за двегодишна затворска казна која беше донесена во случајот „Тенк“ за незаконска набавка на луксузниот мерцедес. 

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, потврди дека барањето е доставено до него и најави дека седницата на која треба да се разгледува барањето треба да биде закажана во рок од 15 дена.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top