По посетата на Белград австрискиот канцелар ѝ носи на Приштина убави вести?

По посетата на Белград, австрискиот канцелар Себастијан Курц замина во посета на Приштина, а пред состанокот со косовските претставници изјави дека Австрија ќе го поддржи приемот на Косово во Интерпол..

Австрискиот канцелар вчера разговараше во Белград со српските претседател и премиерка, а денес за австриската агенција АПА изјави дека неговата земја ги поддржува напорите на Косово да биде примено во Интерпол. Курц тври и дека неговиот коалициски партнер Партија на слободата го сменила својот став.

Претседателот на десничарската партија Хајнц Кристијан Штрахе при неодамнешната посета на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ во Виена најави дека Австрија нема да го поддржи приемот на Косово во Интерпол, ниту во која било друга меѓународна организација, сѐ додека не се постигне решение меѓу Белград и Приштина.

Штрахе пред две недели кажа и дека тој став е усогласен и со претседателот на Австрија Александер ван дер Белен, кој, меѓутоа, тогаш порача дека австрискиот став не е целосно решен.

АПА додава дека австриската влада соопштила дека Курц договорил со Штрахе и министерот за внатрешни работи Херберт Кикл дека „Австрија ќе го прифати членството на Косово“. Било укажано дека приоритет на претседателството на Австрија со ЕУ е да се поддржат сите држави од Западниот Балкан во приближиувањето кон Унијата, како и во спроведувањето на потребните реформи.

„Тоа особено важи за областа на внатрешноста безбедност и борбата против корупцијата. Ние поради тоа имаме интерес за засилена полициска соработка“, кажа Курц.

И министерот за внатрешни работи Кикл истакна дека, и покрај сите оправдани критики, членството на Косово во Интерпол носи предности во борбата против криминалот, бидејќи ја олеснува прекуграничната соработка на полициите.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top