По серијата критики, Санчес со моќна порака до фановите на Јунајтед

Алексис Санчес е под голем притисок кај навивачите на Јунајтед откако и една година по неговиот трансфер од Арсенал не може да ја најде вистинската форма..

За него неодамна коментираше и Оле Гунар Солскјер кој рече дека не може да му помогне ако тој самиот не запне. Санчес постигна само пет гола на 37 натпревари за Јунајтед што е премалку ако се знае дека е најплатен играч во историјата на Премиер лигата.

„Би сакал да му донесам поголемо задоволство на мојот клуб. Ќе ги израдувам навивачите“, изјави Чилеанецот во интервју за ББЦ.

Првата шанса за тоа Санчес ќе ја има в понеделник против Челси во ФА Купот, натпреварување во кое Јунајтед ја има последната шанса за трофеј оваа сезона.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top