По смртоносните пожари Грција ќе руши илјадници нелегални куќи

Во Грција ќе се рушат илјадници бесправно изградени куќи како одговор на смртта на десетици луѓе кои не можеле да избегаат од лавиринтот на лошо испланирани улици зафатени од најлошиот пожар во историјата на земјата..

Премиерот Алексис Ципрас, чија влада е обвинета за спора реакција, рече дека Грција веќе не може да толерира дивоградби, кои со децении биле вообичаена појава во земјата на бирократија и корупција.

Рушење на 3200 станбени објекти ќе започне веднаш во регионот Атика, која го вклучува и главниот град Атина, додаде Ципрас.

„Хаосот на бесмислена изградба, која им се заканува на човечките животи, веќе не може да се толерира“, рече Ципрас во градот Лаврио, во близина на селото Мати, каде најмалку 91 лице загинаа во пожарот на 23 јули.

Изградба без дозвола е честа појава во Грција, така што за тоа имаат посебен збор „афтерета“.

Многу од бесправните градби со време биле и амнестирани од минатите влади, а критичарите истакнуваат дека тоа не е префинет, но е ефикасен начин за добивање гласови на изборите.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top