По терористичкиот напад: Нов Зеланд забранува поседување автоматско и полуавтоматско оружје

Нов Зеланд ќе забрани купување и поседување на сите видови полуавтоматско оружје и автоматски пушки по терористичките напади во двете џамии во Крајстчрч, кога беа убиени 50 луѓе, соопшти премиерката Џасинда Ардерн..

Ардерн најави дека измената на законот ќе стапи на сила на 11 април.

-Нашата историја се промени засекогаш. Сега ќе се променат и нашите закони, рече Ардерн.

-Шест дена по овој напад, објавуваме забрана за сите полуавтоматски воени пушки во Нов Зеланд, рече Ардерн на прес-конференција, додавајќи дека забраната опфаќа и шаржери со голем капацитет.

Воведена е и амнестија за сопствениците на вакво оружје, кои може да го предадат и ќе им биде откупено. Оние кои нема да го предадат ваквото забрането оружје во определениот рок, ќе се соочат со парична казна од 4.000 новозеландски долари и  три години казна затвор.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top