По три месеца борба, мега-пожарот во Австралија ставен под контрола

Австралискиот мега-пожар што гори повеќе од 10 недели е ставен под контрола, соопштија пожарникарите во Нов Јужен Велс..

Пожарот во Госперс почна на 26 октомври, од гром, и зафати повеќе од половина милион акри во северо-западниот дел на Сиднеј. Пожарот се прошири и на делови од Националниот парк Сина Планина во западен Сиднеј.

Пожарот не можеше да се запре заради временските услови, соопшти пожарникарската служба, предупредувајќи дека сè уште трае сезоната на пожари.

Властите во југоисточната држава Викторија денеска објавија дека загинал еден пожарникар, со што вкупниот број на жртви низ целата земја достигна 27.

После неколкунеделни критики во врска со пожарите, премиерот Скот Морисон, изјави дека ќе предложи национална ревизија на реакцијата од катастрофи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top