По земјотресот, над 500 планинари заглавени на вулкан во Индонезија

По вчерашниот силен земјотрес што го погоди индонезискиот остров Ломбок, над 500 планирани се заглавени вулканот Ринџани, кад единствениот пат е затворен поради лизгање на земјиштето, јави Ројтерс..

Земјотресот со интензитет од 6,4 степени, во кој загинаа 16 луѓе и беа уништени стотина куќи, предизвикал лизгање на земјиштето што го затрупа патот кој води до и од вулканот. Ринџани е вториот најголем вулкан во Индонезија и е популарна планинарска дестинација.

Индонезиските спасувачки екипи користат хеликоптери за да ги евакуираат планинарите, но се очекува нивното извлекување да трае најмалку до утре.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top