Победа на Интер што не значи многу, но Конте си го купи мирот

Екипата на Интер ја прекина серијата од два натпревара без победа, триумфирајќи на домашен терен против Лацио со 3-1..

Мечот не почна добро за домаќинот, Хандановиќ направи кикс и Белоти го отвори резултатот, а Торино водеше до крајот на првото полувреме. 

Во вториот дел, во период од само 13 минути, Јанг, Годин и Лаутаро постигнаа головите за целосен пресврт и триумф на Интер.

Тој не значи многу, освен дека „нераѕурите“ се вратија на второто место на табелата, но барем му донесе мир на Антонио Конте кој последната недела беше на удар на навивачите и медиумите во Италија. 

Интер и натаму има осум бода негатива во однос на Јувентус, на пет кола до крајот на сезоната.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top