Почина - Чопа Рид

Криминалната фигура и автор Марк почина по тешката битката со ракот на црниот дроб , рече неговиот менаџер..

Рид  почина во средата во Кралската болница во Мелбурн по долгата битка со рак на црниот дроб , изјави неговиот менаџер Ендрју Париси  во соопштението.

Навистина ми е тешко да ја потврдам смртта на Светски познатиот Марк Брандон Рид рече г-дин Париси.

Неговиот последен настап беше пред две недели во театарот (Athenaeum) во Мелбурн.

Тој сакаше да биде запаметен како човек кој ги засмејува лугето рече г-дин Париси."

И покрај неговото влошеното здравје , тој ја воодушеви публиката со своите вештини како добар имитатор и раскажувач.

Смртта на Рид  е трагична загуба за неговата сопруга Маргарет Касар и неговите синови , Рој и Чарли , истакна г-дин Париси.

Повеќе од 15 години тој живеел мирен живот со Маргарет во Колингвуд ."

Тој работеше како писател, сликар и оратор, плаќал даноци и се грижел за неговото семејство ", изјави г-дин Париси .

Во моментите на неговата смрт , сигурно луѓето размислуваат за тоа како тој успеа да го надмине неговото минато и , и како по повеќе од 23 години поминати во затвор,  тој успеа да најде начин за повторно да влезе во нормала на општественото живеење."

Тој како татко, сопруг и пријател ке им недостига на многумина. Неговото семејство побарало приватност во овие моменти.

Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top