Почина девојката од синоќешниот судар кај Охрид

Дваесет и петгодишната тетовка Билјана Ј. Почина во охридската болница „Свети Еразмо“, откако беше тешко повредена вчера попладне во сообраќајна незгода што се случи на магистралниот пат Охрид - Кичево во близина на црквата „Св.Петка“ пред селото Ботун, пренесе Дневник.

Во несреќата загина 29-годишниот Дарко А. од Прилеп кој го возел „пежото 206“ во кое била и сега веќе починатата тетовка. Засега се знае дека „пежото“ се судрило со џип „ГМЦ“ со американски таблички управувано од Н.М. од Кичево. Во болницата на лекување е задржан и возачот на џипот.

Полицијата извести дека „пежо-206“ кое се движело од Охрид кон Кичево, од засега непознати причини преминало на спротивната коловозна лента од каде во правец кон Охрид се движел џипот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top