Почина израелскиот шпион кој го пронајде озлогласениот нацист

Рафи Еитан, поранешниот израелски министер и еден од најдобрите шпиони на израелската разузнавачка служба „Мосад“, почина на своја 92 годишна возраст..

Еитан ја предводеше големата операција за апсење на еден од најозлогласените нацисти – Адолф Ајхман кој побегнал од нацистичка Германија пред самиот крај на Втората светска војна.

„Загубивме храбар борец за чиј што придонес за израелската безбедност ќе учат многу генерации“, изјави претседателот на Израел, Рувин Ривлин.

Еитан починал откако пред неколку дена бил хоспитализиран во Тел Авив, пренесуваат израелските медиуми.

Еитан, покрај тоа што учествувал во важни операции, тој имал и голема улога во првите години од создавањето на израелските разузнавачки служби.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top