Почина Ники Лауда

Легендарниот возач на Формула 1 беше три пати светски шампион, преживеа страшна несреќа....

Ники Лауда, трикратен светски првак во Формула 1, почина на 71-годишна возраст. Легендарниот Австриец, една од најпознатите личности во трките со автомобили, ја освои титулата со Ферари во 1975 и 1977 година, и со Мекларен во 1984 година.

Многумина ќе се сеќаваат на него по неверојатното закрепнување и враќање на трките по 1976 година, кога доживеа сериозна несреќа на трката за Големата награда на Германија, кога беше буквално извлечен од запален автомобил.

Лауда минатиот август беше подложен на трансплантација на белите дробови, а неговото семејство објави дека мирно починал во понеделникот.

По кариерата во мотоспортот, Лауда мошне успешно се занимаваше со претприемништво во воздухопловството, а беше и еден од водечките членови на тимот на Мерцедес на Формула 1. Во оваа улога Лауда придонесе за донесувањето на британскиот возач, а сега петкратен светски шампион Луис Хамилтон.

„Неговите уникатни достигнувања како спортист и претприемач се и ќе бидат запаметени, неговата неуморна желба за акција, неговата непосредност и храброст остануваат пример и мерило за сите нас“ се вели во соопштението на неговото семејство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top