Почна изборниот процес, право на глас денеска имаа болните од КОВИД-19

Државната изборна комисија вечерва соопшти дека во текот на првиот од тридневниот процес на гласање за десеттите парламентарни избори, правото на глас го искористиле 723 лица....

Од таму посочија дека иако гласањето се одвивало во тешки услови, поради коронавирусот, денот поминал без никакви проблеми и се заблагодарија на граѓаните и медиумите за поддршката во процесот.

Од ДИК исто така кажаа дека тајноста на гласањето е гарантирана, а од денешното и утрешното гласање на болни и изнемоштени, ќе биде објавена само излезноста.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top