Почна обдукцијата на телото на Дениса во Скопје

Министерството за здравство ги одобри барањата на семејството и нареди нова обдукција за да се потврди дали телото навистина и припаѓа на Дениса..

Доцна синоќа во Скопје пристигнаа посмртините останки за кои грчките здравствени власти потврдија дека се на Дениса Маркоска, девојката од Прилеп, што исчезна на бродот „Серенисима“ во егејот.

Министерството за здравство ги одобри барањата на семејството и нареди нова обдукција за да се потврди дали телото навистина и припаѓа на Дениса.

Семејството Маркоски од Прилеп се сомнева во резултатите на грчките власти, затоа што тие го потврдија идентитетот, но не понудија никаков одговор за тоа како починала младата девојка. Тоа останува енигма.

Дениса исчезна на 12 септември, додека работеше на бродот „Серенисима“ во водите на Егејското Море. Две недели по неа трагаа грчките власти, но и Интерпол. Потоа беше пронајдено безживотно тело за кое ДНК анализата со 99,9% сигурност потврди дека всушност е младата Македонка.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top