Почна рочиштето за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски во грчкиот Врховен суд

Во Врховниот суд во Атина во 9.30 часот по локално време започна рочиштето на кое ќе се соопшти одлуката за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски..

На дневен ред се над 20 случаи, конкретниот случај со екстрадицијата е последен.

Откако солунскиот суд на 5 јануари годинава даде зелено светло за екстрадиција, Врховниот суд во Атина веќе одржа четири рочишта, а последното со сослушување беше зад затворени врати на 27 април.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top