Почнa самитот на НАТО во Брисел

Шефовите на држави или влади, членки на НАТО, денеска и утре одржуваат самит во Брисел. На самитот американскиот претседател Доналд Трамп ќе бара од сојузниците да издвојуваат повеќе пари за одбраната..

Вчера Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, рече дека само неколку земји издвојуваат по 2 отсто од БДП за одбраната. Тоа се: САД, Велика Британија, Грција, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Романија.

Најголем товар од трошоците на НАТО се на САД. Некои од земјите се блиску до тој процент, а другите имаат уште многу за да го постигнат.

На самитот на НАТО членките се очекува да донесат одлуки за командната структура на алијансата, која треба се зголеми со 1.200 лица. Членките на НАТО треба да донесат и одлука за почеток на преговорите за членство на Македонија во алијансата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top