Почна заедничката вежба на военото воздухопловство на Јужна Кореја и САД

Заедничката петдневна вежба на военото воздухопловство на Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави започна денес, помалку од седум дена откако Јужна Кореја тестираше балистичка ракета што според нивните тврдења може да достигне цели на целата територи.

Вежбата беше планирана пред минатонеделното севернокорејско лансирање на балистичката ракета и во неа ќе учествуваат повеќе од 230 воени авиони и 12.000 војници. Станува збор за најголемата ваква вежба во сојузничката историја на двете земји.

Вклучува шест Ф-22 раптори и шест Ф-35Ас, што привремено се распоредени во Кореја за оваа вежба.

Северна Кореја претходно предупреди дека вежбата „Будни прваци“ е провокација која „само ќе повлече по себе уште пострашна одмазда и ќе го забрза самоуништувањето“.

Според непотврдени извештаи на Јужнокорејските медиуми, во вежбата ќе учествуваат, меѓу другото и два суперсонични бомбардери Б-1Б Лансер.

Вежбите вклучуваат и симулирани прецизни напади врз воените инсталации на Северна Кореја, вклучувајќи ги и нејзините места за ракетни лансирања и артилериски единици, јави новинската агенција Јонхап, цитирајќи неименувани извори во Сеул.

Минатата недела Пјонгјанг лансираше интерконтинентална балистичка ракета која, според тврдењата на експертите, леташе подалеку од сите досегашни тестирања, иако се сомнева во тврдењето на Северна Кореја дека може да носи и нуклеарна боева глава.

Јужна Кореја и САД редовно спроведуваат заеднички воени вежби и покрај заканите од Пјонгјанг кој тврди дека се подготвува за напад на Северна Кореја.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top