Почнаа нови протести во Вашингтон против полициска бруталност

Во Вашингтон се одржува протест против полициската бруталност..

Ниту дождот не ја намали енергијата на толпата што се собра пред Капитол, пишува „Вашингтон пост“.

Засега , протестот е мирен.

Насобраните протестираат против насилната смрт на Џорџ Флојд , кој беше убиен во Минеаполис на 25 мај, откако бел полицаец му клекна на вратот и го притискал девет минути.

Неговата смрт предизвика бес во политички и расно поделените САД, пет месеци пред претседателските избори и ги оживеа протестите против расно мотивираните убиства во Америка од полицијата. Оттогаш, низ целиот свет се одржуваат протести за борба против расизмот, од Париз до Најроби.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top