Почнаа пресметките: Од каде Реал ќе најде 420 милиони евра за Нејмар?

Нејмар се уште е во сништата на претседателот на Реал, Флорентино Перез иако бразилскиот ас е повреден и нема да игра до крајот на сезоната..

По четиригодишна апстиненција од трансфер-пазарот, контроверзниот претседател сака да се врати на голема врата и тоа токму преку фудбалерот на ПСЖ. Но, францускиот клуб за Нејмар бара 420 милиони евра и дилемата е од каде Реал ќе најде толку пари.

АС веќе го направи планот. Летово ќе бидат продадени Бејл и Иско за кои клубот се надева дека ќе добие околу 150 милиони евра. Маркос Љоренте, Борха Мајорал и Дани Себаљос треба да донесат уште околу 50, а за другите 200 ќе се зборува дополнително.

Толку пари можат да се соберат само од продажба на Кристијано Роналдо и никој друг.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top