Почнува еуфоријата во Мадрид: Трансферот на Азар е прашање на ден!

Белгискиот репрезентативец Еден Азар ќе биде трето засилување за Реал Мадрид за новата сезона по Родриго и Едер Милитао..

Шпанскиот весник Марка тврди дека се е договорено и дека останува само да се финализираат некои работи пред тој официјално да стане играч на „кралскиот клуб“. Со оглед на тоа што во тек е оваа сезона, се ќе биде потврдено по неговото завршување иако Челси и Реал можат да се договорат веќе до крај на овој месец.

Отетата што Реал ќе ја плати најверојатно ќе изнесува 100 милиони евра со што Азар ќе се израмни со Герет Бејл како најскап фудбалер во историјата на клубот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top