Почнува пеколот во Барса: Валверде тргнува со рецептот на Зидан

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изјави дека на тимот му претстои многу напорна прогрма поради што ќе почне со ротации во составот..

“Имаме седум натпревари во следните 23 дена и јасно е дека нема да играат само 11 фудбалери. Ќе има ротации за да избегнеме повреди, а и за играчите да останат свежи. Утре одиме на Аноета, кај Сосиедад, еден од најтешките терени за Барселона последните години”, изјави Валверде.

Веќе во вторник за Барса претстои почетокот на настапите во Лигата на шампионите. Принципот со ротации претходните три сезони го импементираше Зинедин Зидан и многумина сметаат дека тоа беше клучен фактор за триумфот во Лигата на шампионите.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top