Почнува процесот за импичмент на Трамп во Сенатот

Лидерот на малцинството во Сенатот, демократот Чак Шумер, оцени дека судски процес без нови докази, сведоци или документи „не е никаков судски процес“..

Судењето за импичмент на претседателот Трамп почнува денеска пред цел состав на Сенатот, во време кога демократите се подготвуваат да ја оспорат резолуцијата која ќе ја одреди временската рамка за процесот.

Членовите на републиканското мнозинство, предводени од Сенатот ќе гласаат да ја прифатат предложената временска рамка за процесот од лидерот Мич Меконел, што ќе им овозможи на демократските менаџерите за импичмент од Претставничкиот дом, кој ќе имаат ролја на обвинители, како и на адвокатскиот тим на Трамп - по 24 часа секој тим, во период од два дена, да ги презентираат случаите.

Резолуцијата не наведува дали ќе бидат повикани сведоци и дали ќе биде дозволено нови докази да бидат презентирани.

Лидерот на малцинството во Сенатот, демократот Чак Шумер, оцени дека судски процес без нови докази, сведоци или документи „не е никаков судски процес“.

„Демократите сакаат да ја дознаат вистината, и ќе гласаме за нови сведоци и документи. На крајот ќе зависи од четворица републиканци да се почитува Уставот, да се биде на страната на демократијата, владеењето на правото, а не да се биде заслепено на страна на претседателот Трамп и неговата желба да се засени вистината, зашто, според моето убедување, тој веројатно знае дека е виновен“.

Адвокатите на Трамп го отфрлија случајот за импичмент против него, како „опасно карикирање на Уставот“, при што наведуваат дека Трамп „не сторил апсолутно ништо погрешно“ во вршење притисок врз Украина за да лансира истрага од која политичка корист, ќе има лично тој.

Претставничкиот дом гласаше за импичмент врз Трамп врз две обвиненија. Во едното, се вели дека ја злоупотребил претседателската функцијата со тоа што извршил притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да изврши истрага врз еден од главниот предизвикувачки на изборите 2020, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Второто обвинение, за кое се води импичмент против него е за наводна опструкција на Конгресот во истрагата.

Двајца други претседатели Ендрју Џонсон во 1868-ма и Бил Клинтон во 1998-ма беа отповикани на функцијата во Претставничкиот дом, но не и на гласањето во Сенатот, и останаа да ги завршат мандатите.

Американскиот претседател Ричард Никсон се соочувал речиси со сигурен импичмент во 1974-та за политичкиот скандал Вотергејт, но поднесе оставка на функцијата уште пред да уследи гласање во Претставничкиот дом.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top