Почнува сапуница, Игуаин во главната улога

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин не ги прифати најдобро коментарите на Леонардо кој му порача да се врати на работа и да почне да тренира..

Поради тоа, наводно, му порачал на својот агент Фали Рамадани да ги забрза преговорите за евентуален трансфер во Челси иако во овој случај се прашува и Јувентус чија сопственост е Аргентинецот. Клучот го држи првиот оперативец во Челси, Марина Грановскаја која смета дека 40 милиони евра отштета за фудбалер кој има 31 година се премногу.

Што се однесува до Милан, челниците на овој клуб би сакале да го задржат Игуаин до крајот на сезоната бидејќи тимот има шанса по долго време да се пласира во Лигата на шампионите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top