Почнува „Траекторија“: Груевски, Пешевски и Јанакиевски на обвинителна клупа

Груевски се товари за делото примање награда за противзаконито влијание, а останатите за злоупотреба на службената положба и овластувања..

Во кривичниот суд денеска треба да стартува судењето за случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кој се однесува на изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево Охрид.

Обвинети во овој предмет се експремиерот Никола Груевски, поранешните вицепремиер, Владимир Пешевски, и министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, како и екс директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Груевски се товари за делото примање награда за противзаконито влијание, а останатите за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Според обвинението, тие поттикнати од поранешниот премиер во периодот од октомври 2012 до октомври 2013 година, ги искористилеи пречекориле овластувањата во постапката за избор на компанија која ќе ги гради автопатските делници и на тој начин прибавиле имотна корист за компанијата односно го оштетиле буџетот за 155.117.256 евра.

Инаку, токму во обвинителниот акт за овој случај СЈО обелодени дека Пешевски има 27 банкарски сметки во шест банки во Македонија, од кои 24 се активни. Овој податок од обвинителството го наведоа како аргумент при барањето да му се одреди притвор на поранешниот вицепремиер со образложение дека парите од сметките би можеле да му послужат како средство со кое би се реализирала неговата намера за бегство. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top