Под силно полициско обезбедување, во Каиро, започнува судењето против Морси

Морси може да биде осуден на казна доживотен затвор.

Соборениот исламистички претседател Мохамед Морси денеска е префрлен во Полициската академија во Каиро каде што треба да почне судењето против него, јавија египетските државни медиуми.

Морси и 14 други членови на Муслиманското братство се соочуваат со обвинување за иницирање насилства и судири пред претседатлската палата во декември 2012 година. Тие можат да бидат осудени на казна доживотен затвор. 

Судските рочишта ќе се одржат под зајакнати мерки за безбедност во полициската академија, која се наоѓа веднаш до затворот „Тора“ во Каиро. Морси ќе биде транспортиран со хеликоптер до и од импровизираната судница. Полицијата планира денеска да распореди 20.000 свои припадници низ улиците на Каиро.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top