Под сомнение за перење пари, Банката на Ватикан затвори сметки на четири амбасади

Банката на Ватикан ги затвора сметките на четири амбасади на Светиот престол, со цел да ги спречи обвинувањата за неисполнување на меѓународните ангажмани за борба против перењето пари, соопштија денеска дипломатски извори..

Веќе е затворена сметката на амбасадата на Сирија. Ваквата мерка е резултат на информациите што се појавија на „Викиликс“, а во врска со документи за испорака на комуникациски системи за цивилна и воена намена.

Претстои затворање на сметките на абмасадите на Иран, Ирак и Индонезија. Тие го привлекле вниманието со депонирање и повлекување големи суми, кои достигнувале до 500.000 евра. 




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top