Подметнат пожар во пекарата на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи смета дека пожарот предизвикан во раните утрински часови на семејниот имот на заменик-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, е предизвикан со експлозивна направа..

„Во 03:40 часот беше пријавено дека излегува чад од пекара сопственост на Б.М (62) на улицата „Ѓорче Петров“, додека претходно се слушнала експлозија, постои основано сомнение дека станува збор за импровизирана експлозивна направа. Никој не е повреден. Работиме на решавање на случајот“ – велат Министерство за внатрешни работи.

Мицкокси директно го обвини СДСМ дека го предизвикал пожарот во пекарата на Мисајловски.

И Мисајловски смета дека ова го сториле политичките противници во пресрет на предизборната кампања на 15 јули.

СДСМ го осуди инцидентот и ги негираше обвинувањата.

Пред локланите избори во 2017 година Мисајловски пријави дека некој подметнал пожар во неговата куќа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top