ПОЕНТИ ОД МИТИНЗИ: ЗАЕВ - ЗАВРШУВА РАСИПНИЧКОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ПОСЛУШНИЦИ, ГРУЕВСКИ - ВЛАСТА Е ВО ПАНИКА!

Политичките партии и на синоќешните митинзи упатија различни пораки до граѓаните. Ветуваа проекти и бараа поддршка за претстојните мандати на градоначалниците и советниците..

– Завршува расипничкото владеење на градоначалниците послушници, доаѓа нов живот во цела Македонија, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во Кочани.

Според него, не бидува нова ера со стари, истрошени кадри кои ја искрадоа Македонија.

– После се, Груевски се дрзнува да кандидира старо-нови кандидати за градоначалници кои потоа ќе сака да ги контролира. Глас за градоначаник на Груевски, е глас директно за Груевски, подвлече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пак, порача дека народот сака вработувања, повисоки плати, квалитетно образование, здравство,…

– Нашиот народ сака проблемите да му бидат решени, сака неговите градови да се развиваат. Нашиот народ сака помала невработеност, повисоки плати, поквалитетно образование, подобри болници, рече Груевски.

Негова оценка беше и дека власта е во паника зашто знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. – Политиката на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од проекти и решенија, подвлече Груевски.

Пораката на лидерот на ДУИ Али Ахмети од Дебар беше дека граѓаните сакаат напредок, членство во НАТО и ЕУ.

– Граѓаните на нашата земја сакаат напредок, членство во НАТО и ЕУ, слободно движење, силна економија, стабилност, истакна Ахмети.

Заложбата на ДУИ, додаде, е соработка со сите соседи. Тоа, според него, и го отвора патот на Македонија кон НАТО што значи стабилност не само за нас, туку и за регионот, поголема доверба кај инвеститорите, побрз развој и членство во ЕУ.

– Ние сакаме европска перспектива за целиот Балкан, подвлече Ахмети.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top