Погба успешно опериран, познато е кога се враќа на терените

Францускиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед денеска беше опериран..

Погба објави дека е успешно го опрерирал глуждот кој го мачи веќе подолго време, поради што не играше многу оваа сезона.

„Мораме да ја задржиме позитивната енергија“, објави Погба по операцијата.

Се претпоставува дека играчот за врска на Јунајтед ќе ги пропушти следните четири недели, почнувајќи од вечерашниот натпревар против Манчестер Сити.

Во меѓувреме не престануваат гласините дека би можел да го напушти Јунајтед веќе оваа зима, иако се верува дека Јунајтед ќе го задржи најмалку до следното лето.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top