Поглаварот Стефан и Владиката Тимотеј го пречекаа Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео по денешните средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев во Охрид, ја посети црквата „Света Богородица Перивлепта“..

Помпео беше пречекан од поглаварот на Македонската Православана Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и Владиката Дебарско-Кичевки, Тимотеј.

При посетата на црквата „Света Богородица Перивлепта“,  Помпео беше придружуван од својата сопруга Сузан, помошникот државен секретар Филип Рикер, амбасадорката на САД Кејт Мари Бернс и советниците Мери Кисел и Рики Вадел.

Црквата „Света Богородица Перивлепта“, како значајно црковно и културно богатство, неодамна беше реновирана и заштитена со средства обезбедени преку програмите на УСАИД и посебниот амбасадорски фонд за заштита на цивилизациските артефакти на културно и историското наследство, од кој беа издвоени 650 илјади долари.

Со поддршка од САД која досега се обновени и реставрирани и Националната галерија на Македонија, Шарената џамија во Тетово, Златковата кула во Кратово, мозаикот во археолошкиот локалитет Стоби, како и манастирот „Света Богородица Елеуса“, во Вељуса, Струмичко.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top