Погледнете како ќе изгледа најновиот паметен часовник на Apple

Погледнете како ќе изгледа најновиот паметен часовник на Apple.

Новиот паметен часовник на Apple има екран кој што ја зафаќа целата предна површина од раб до раб, а куќиштето изгледа потенко. Поголемиот екран значи дека на корисникот ќе му биде олеснето користењето на часовникот и ќе може да се прикажуваат поголеми количини на информации.

Од тоа што може да се види на фотографијата, променет е дизајнот на приказот на информациите на екранот, а се чини дека часовникот има и дополнителен отвор за микрофон на десната страна. Покај тоа, може да се забележи и странично копче кое што се вклопува во самата рамка на часовникот.

Новиот Apple Watch 4 ќе биде претставен на 12-ти септември, а Apple веќе започна да испраќа и покани за евентот на кој што се очекува да бидат претставени и трите нови модели на iPhone, како и подобрена верзија на iPad.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top