Покетино: Ако дојде понудата од Манчестер, нема да ја одбијам!

Се погласно се шпекулира дека Оле Солскјер ќе биде тренер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, кога управата ќе назначи нов тренер..

Како прв кандидат за таа функција по Солскјер останува Маурисио Покетино, тренерот кој до пред некој месец го водеше Тотенхем, но поради слабиот почеток на сезоната, доби отказ од клубот од Лондон.

Но сега се наметнува како фаворит за иден менаџер на „црвените ѓаволи“.

Иако се уште нема нешто поконкретно околу оваа шпекулација, сепак последната изјава или најава на Покетино, најавува дека би сакал да го води Јунајтед.

Покетино за аргентинските медиуми во последното интервју, добил прашање што понатаму и дали се гледа во Манчестер идната сезона, а тој одговорил.

„Доколку дојде понудата, не би ја одбил“, што јасно укажува на тоа дека Аргентинецот сака да се врати на островот и тоа на „Олд Трафорд“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top