Полицијата казнила 673 луѓе бидејќи не носеле маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 91 лица им се издадени решенија за изолација, а 78 лица потпишале изјави за самоизолација, информира министерот Наќе Чулев..

„Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација“, напиша тој на фејсбук.

Во однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата, додаде Чулев, констатирани се вкупно 673 прекршоци.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top