Полицијата вечерва врши акциски контроли во угостителски објекти и агенции за обезбедување во центарот на Скопје

Полицијата вечерва спроведува акциски контроли во угостителски објекти, објекти за забава, агенции за обезбедување, дознава неофицијално „Фокус“..

Според нашите информации, вечерва се вршат редовни контроли во повеќе објекти низ центарот на градот. Со полицијата на терен се и пазарните инспектори, како и инспектори теод Управата за јавни приходи.

Официјални информации за вечерашните контроли се очекуваат утре во текот на денот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top