Полициска акција во Струга, разбиена мрежа за дистрибуција на дрога

Во полициска акција во Струга разбиена е криминална мрежа за дистрибуција на дрога. Акцијата резултира со чистење на полициските структури од криминал и корупција..

Според информациите на АЛСАТ М во операцијата во с. Ливада и Струга се приведени неколку лица, а меѓу осомничените и директорот на затворот во Струга, Арменд Шаќири. Шаќири се сомничи за злоуопотреба на службената положба и поддржување на нелегалните активности.

Меѓу осомничените е и еден инспектор, како и претходно осудувано лице за трговија со дрога со иницијали Р.К.

Истрагата е во тек.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top