Политико: НАТО мора да се впушти во неочекуван сојуз ако сака да ја скроти Русија

НАТО алијансата ќе мора да се прилагоди на условите кои ги наметнува идното војување, и да бара сојузништво со растечките сили како Кина, доколку сака да одговори на заканите и јакнењето на Русија, сметаат воени и дипломатски експерти..

Во деталниот извештај објавен оваа недела, експертите на аналитичката грипа Глобсек со седиште во Братислава изнесоа десетина предлози за унапредување на НАТО алијансата, за кои се надеваат дека ќе бидат земени предвид при средбата на политичките лидери на земјите членки на воениот пакт, закажана за следната година, пишува Политико.

Со конференцијата претседаваше пензионираниот генерал на американските маринци Џон Р. Ален, кој служеше како командант на НАТО единиците во Авганистан. Ален овој месец стана претседател на вашингтонската аналитичка група Брукингс институт.

Голем дел од извештајот се фокусира на акциите на Русија, пред сѐ на „анексијата на Крим и воената поддршка на сепаратистите кои го окупираа истокот на Украина“, но најинтересните делови се однесуваат на потенцијалната соработка на Алијансата со Кина, Индија и останатите растечки сили во светот.

Генералот Ален за Политико вели дека „сите страни би профитирале од сојузот на НАТО и Кина“.

„Алијансата мора да ја земе предвид енормноста на растечкото кинеско влијание“, смета Ален.

Тој истакна и дека технологијата била решавачкиот фактор во војните кои се случиле во последните 200 години, и предупреди дека НАТО „не смее да си дозволи да заостане во иновативните решенија како вештачката интелигенција, која поптилично го креира денешното војување“.

Извештајот на групата Глобсек претставува резултат на истражување кое траело една година, а се однесува на иднината на НАТО и неговиот опстанок. На конференцијата присуствуваа поранешниот заменик на генералниот секретар на НАТО и поранешен амбасадор на САД во Москва Александер Вершбоу, поранешниот министер за одбрана на Италија Џанпаоло ди Паола, како и поранешниот амбасадор на НАТО во Словачка Томаш Валачек, кој сега е директор на Карнеги институтот во Европа.

Американскиот генерал додаде дека целта на средбата е да се направи стратегија која ќе „гледа со децении нанапред“. „Тука станува збор за целите на неколку генерации“, кажа Ален.

Извештајот на Глобсек му е предаден на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а експертите-потписници на истражувањето предупредуваат на „сериозните последици во случај на пасивност на НАТО“.

„НАТО алијансата ризикува да заостане во денешниот свет на забрзани политички промени и технолошки развој, кои би можеле од корен да ги сменат карактерот на модерното војување, структурата на меѓународните односи и самата улога на Алијансата“, пишува во извештајот.

Несомнено е дека ваквиот заклучок на експертите на Алијансата е донесен поради метеорскиот подем на Кина, и економски и воено-политички, но и поради нејзиниот сојуз со Русија, кој е противтежа на западната Алијанса, па извештајот може да се толкува како „стратегија за победа против Русија“, заклучува Политико.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top