Полска нема да прифати евентуални санкции од ЕУ кон Унгарија

Полска соопшти дека ќе се спротивстави на евентуални санкции од ЕУ против Унгарија, која што е обвинета за кршење на прописите во Унијата во делот на демократијата..

– Секоја земја има суверено право да донесува внатрешни реформи онака како што и одговара, соопштија од министерството за надворешни работи на Полска.

Во соопштението се додава дека опстапките против поедини земји членки само ги продлабочуваат поделбите во ЕУ и ја зголемуваат недовербата на граѓаните во европските институции.

Вчера Европскиот парламент поддржа санкции кон Унгарија и активирање на членот – 7, заради занемарување на нормативите на демократијата, граѓанските права, како и заради корупција. Што значи дека земјата би можело да го загуби правото на глас во сите институции на ЕУ.

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, рече дека одлуката на ЕП за казнување на Унгарија е „ситна освета“ од страна на политичарите коишто ја поддржуваат миграцијата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top