Помор на лососи на Алјаска поради високите температури

Откако Алјаска летоска ја зафатија високите температури, жителите во реките почнаа да забележуваат помор на рибите. Експертите сметаат дека поради исклучително високите температури во реката Кускоквим лососите веројатно доживеале срцев удар..

Експертите сметаат дека поради исклучително високите температури во реката Кускоквим лососите веројатно доживеале срцев удар.

На почетокот на јули, кога Алјаска ја зафати топлотен бран и рекордни жештини, температурата на водата во близина на областа Бетел била повисока од 20 Целзиусови степени, што е највисоката температура во реката Кускоквим некогаш забележана на почетокот на тој месец.

За време на тој период, жителите кои живеат вдолж долниот тек на Кускоквим им го пријавиле на властите поморот на лососите, односно како поголем дел од нив пловат низводно.

Лососите не се навикнати на температури над 20 Целзиусови степени.

„Она што најверојатно се лучило е дека метаболизмот на лососите се забрзал до точка што доживеале срцев удар. А поради потоплата вода има и сѐ повеќе паразити кои ги напаѓаат лососите“, објасни биологот на Одделот за риба и дивеч на Алјаска, Бен Греј.

Топлата вода во реката доаѓа од океанот. Во заливот Кускоквим во текот на ова лето знаела да биде и 10 степени над просекот, а со секоја плима топлата вода се повлекува во долниот тек на реката.

„Подоцна таа вода се враќа назад и се меша со поладна, поради што на некои места достигнува температури над 20 Целзиусови степени“, вели Греј.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top