Помпео: Иранскиот танкер плови кон Сирија!

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, рече дека има доверливи информации оти иранскиот танкер, „Адриан Дариа“, плови кон Сирија..

„Имаме доверливи информации дека танкерот е упатен кон пристаништето Тартус, во Сирија. Се надевам дека ќе го смени курсот“, напиша Помпео на Твитер.

Иранскиот танкер претходно беше задржан во Гибралтар, каде што остана околу еден месец, по што му беше дозволено да исплови, откако британските власти на таа тероторија го одбија барањето од САД да не го ослободуваат бродот поради наводно кршење на санкциите од ЕУ против Сирија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top