Помпео: Ќе ги искористиме сите средства за Мадуро да одговара за своите дела

Помпео рече дека фокусот на Вашингтон е насочен на кризата во Венецуела и се поголемото присуство на Кина..

САД ќе ги употребат сите можни економски и политички средства кои ги имаат на располагање, со цел венецуелскиот претседател, Николас Мадуро да одговара за кризата во својата земја, што јасно ќе им даде до знаење на Куба и Русија дека ќе ја платат цената бидејќи го поддржуваат, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

Мадуро за економските проблеми во земјата ги обвинува САД со воведувањето на санкциите, а Помпео вели дека користејќи ги токму санкциите, но и укинувањето на визите и други средства, се обврзуваат дека режимот и оние кои го поддржуваат ќе одговараат за репресијата врз демократијата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top