„Помпео, оди си дома“ - му порачаа грчките демонстранти, го запалија американското знаме и се судрија со полицијата

Во текот на посетата на американскиот државен секретар Мајкл Помпео на Грција, група демонстранти, кои се движеа кон американската амбасада во Атина, се судрија со полицијата, која употреби солзавец за да ги растера..

Претходно, неколку стотици демонстранти се собраа на плоштадот Синтагма, извикувајќи „Американци, убијци на народот“ во знак на протест против измените на одбранбениот договор меѓу двете земји, кој се однесува на американските воени бази во Грција.

Тие носеа транспаренти со натписи „Помпео оди си дома„ и „НЕ за договор на Грција и САД“.

Во текот на посетата на Грција, Помпео рече дека односите на двете земји никогаш не бил посилни и порача дека е уверен дека Грција може да биде столб на стабилноста во регионот.

Тој, меѓутоа, истакна дека е загрижен поради кинеските инвестиции во инфраструктурата во Грција.

Се осврна и на спорот на Кипар и Турција поради операцијата на бушење во Средоземното море, наведувајќи дека постојат правила во истражувањето на енергетските извори во Средоземното море.

Претходно, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, ги повика САД да го искористат своето влијание за да ублажат тензии во Средоземјето.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top