Помпео: Трамп ги знае ризиците од средбата со Ким

Директорот на ЦИА Мајк Помпео во одбрана на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да се сретне со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, нагласи дека претседателот е свесен за ризиците, објави Би-Би-Си..

„Господинот Трамп не го прави ова за театар, тој се обидува да го реши проблемот“ изјави Помпео за „Фокс њуз“.

Трамп рече дека самитот би можел да произведе најголем договор за целиот свет. Сепак, критичарите предупредуваат дека доколку разговорите не поминат добро, тогаш двете нации ќе бидат во уште полоши позиции од сегашните.

Досега ниту еден американски претседател не се сретнал со лидер на Северна Кореја. Трамп не е првиот што добил покана за средба, но е првиот кој ја прифатил.

Трамп претходно му порача на Пјонгјанг дека доколку има нови нуклеарни проби и ракети, тогаш нема да има состанок.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top