Попладнево покрај Земјата прелета астеорид

Астероидот 2020 SW значително се приближи до нашата планета и помина околу 13 часот по средносевропско време покрај нас на далечина многу помала од таа меѓу Месечината и Земјата..

Но, нема потреба од паника. Експертите веруваат дека 2020 SW поминал на растојание од 27 000 километри, но не ја погоди Земјата.

Со цел визуелно да се претстави растојанието, треба да се спомене дека Месечината е во просек оддалечена од нас 384 000 км, или околу 30 дијаметри на Земјата. Овој астероид помина на растојание од околу 2,1 дијаметар од нашата планета.

Ова значи дека 2020 SW летал поблиску до некои телевизиски и метеоролошки сателити што орбитираат на околу 35.888 км.

Научниците сè уште не ја утврдиле точната големина на астероидот, но тој не е премногу огромен објект. Се претпоставува дека оваа вселенска карпа е со големина помеѓу 4,4 и 9,9 метри, пишува Live Science.

Иако 2020 SW е посветол како што се приближува кон Земјата, сепак не бил видлив со голо око.

Овој астероид е откриен дури минатата недела, на 18 септември, и се чини дека блиската средба меѓу него и Земјата ќе го промени неговиот живот засекогаш. Имено, тоа е толку мал астероид што се очекува гравитацијата на Земјата да ја промени неговата орбита.

Астероидот поминал покрај нас со брзина од околу 27.200 км/ч, а следниот се очекува на 3 јуни 2029 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top