Поради аферата „Дизелгејт“, 470.000 Германци го тужат „Фолксваген“

Поради аферата „Дизелгејт“, 470.000 Германци поведоа тужби против автомобилската компанија „Фолксваген“..

Станува збор за сопственици на возила купени по 1 ноември 2008 година, а користењето на спорниот софтвер за лажно прикажување на емисиите на издувни гасови беше откриено на 1 септември 2015 година.

Групацијата „Фолксваген“ досега потроши речиси 28 милијарди евра за санација на штетата, односно за плаќање казни, компензации и судски пресуди низ светот.

Експертите се согласни дека судскиот процес во Германија, поради комплексноста на случајот, како и големиот број тужби, би можел да трае четири години.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top