Поради буџетската криза, САД дневно губат по 200 милиони долари

САД банкротираа, Kонгресот дозволи државата да згасне, се само дел од насловите во весниците кои излегоа веднаш откако земјата се најде во една од најголемите блокади на државната управа во последните 17 години..

Kризата ќе ги чини Американците 200 милиони долари дневно, но во моментов се чини дека нема преголеми главоболки околу зелените банкноти зашто на резерва стојат 30 милијарди долари. 

Меѓутоа, кризата уште веднаш почна да се гледа и да се чувствува. Околу 800.000 вработени во федералните органи одат на принуден неплатен годишен одмор. 

Ако блокадата потрае три недели, за што има многу индикации, тогаш американскиот БДП ќе се намали за еден отсто. Ако не се постигне договор до 17 октомври, тогаш ќе се создадат законски услови за нови задолжувања.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top